ТРАОРНО – Груби: Ахмети е лидер на нацијата, ако не постоеше требаше да го измислат
Првиот вицепремиер Артан Груби смета дека доколку не постоел Али Ахмети, Албанците ќе требалo да го измислат, бидејќи тој е лидер на нацијата. Тој додава дека кога Али Ахмети зборува за иднината на Македонија, а во тој контекст за евроинтеграциите и за широк партиски консензус, треба сериозно да се слушнат неговите аргументи, зашто неговото искуство е огромно и нему никој од нас во ДУИ не може да му врши притисок.
-Господинот Ахмети е еден од ретките национални личности, учесник во три војни, учесник во сите револуционерни движења на албанската нација во минатото и не гледам кој од нас може да изврши притисок врз господинот Ахмети. Било да е Артани, било да е Бујари или Крешнику – рече Груби во гостување за ТВ Клан.
Според него, важно е да се создаде голем проевропски политички фронт за соочување со антиевропските сили. Груби вели дека ако Алијанса за Албанците влезе во Владата никој не мора да излезе, па ни Алтернатива.
-Токму тоа и беше причината за влез на Алтернатива на Африм Гаши во Владата мината година. Зошто сега Алтернатива би се откажала од власта поради каква било функција повеќе или помалку, кога повторно во прашање е проевропскиот процес? Како може да го напушти процесот на половина пат само поради една или две причини? Граѓаните гледаат и критикуваат дека во определен период заради еден министер или директор бил оштетен еден толку важен процес како што е интеграцијата на земјата во ЕУ – рече Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…
Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…
Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…
Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…