Трајановски: Ваков кочијашки начин на работа ја дерогира работата на комисиите и Советот на Градот Скопје!

t

Јас ја разбирам потребата од дополнителни правдања од оваа говорница затоа што најверојатно оние дописи кои институционално некој ги праќа беа накратко раскажани од едната страна, како што на некој му одговара, истакна денеска на седницата на Советот на Град Скопје, заменик-градоначалникот на Градот, Александар Трајановски.

– Во однос на заканите на кои Славевски се повика, во однос на дописите, јас овде освен претставки и укажувања од Инспекторатот за локална самоуправа кои можат да се сфатат како укорувања, друго нешто од градоначалник не гледам. Должноста на претседателот на Совет е во рок од три дена да го потпише указот изгласан од Совет. Присуството на комисии е круцијално, оваа седница која требаше да се одржи на 30.08, на истиот ден е поднесен овој акт за поништување, на кој ден беше закажана комисија во 10.30 часот, седниците на советот се закажани во 11 часот.

Ако оваа комисија за оваа седница која за половина час успеала да разгледа 28 точки, од кои една точка опфаќа 12 институции, отприлика минута и 20 секунди им требало да разгледаат точка, овој кочијашки начин на работа ја дерогира работата на комисиите и Советот.

Вашите претходници имале поголем респект кон градската администрација. Не може да дојдете во девет часот, да добиете 50 печати, да закажете комисија во десет, па доаѓате овде, силувате мнозинство, вашата одоговрност или незнаење да ја покрие советот. Брзата кучка секогаш раѓа слепи кучиња, еве ги тие кучиња.

Оттука, по ставовиве, јас можам за себе да кажам дека моите ставови не се променети по ниту едно прашање за разлика од вас како група. Кога доаѓа до неапликативно вчитување на ребалансот на Буџетот, изгласан со амандмани со “мали грешки”, јас одма ќе ви кажам дека тоа е противзаконски и противделовнички. Ако тој нема проблем да се потпишува како некој паша, сметам дека институциите на Град Скопје треба малку попрофесионално да работат. Ние не треба да поништиме акт, господинот позади нас треба да поништи акт за да испадне во право. Што се однесува на седницата од 30.08, причината за одолговлекување е истата, тогаш беше неприсуството на градоначалник, а сега неа ја нема, но ова е нов месец за хонорари од Градот Скопје, истакна Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…

Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…