Трајановски: Во финална фаза се неколку капитални проекти, покрај новите се реализираат и проектите започнати од претходниот градоначалник
Капиталните проекти во Скопје се реализираат според предвидената динамика, обајсни во денешното гостување во “Студио 10” заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски.
Во врска со изградбата на пречистителната станица Трајановски вели дека комисијата постои, но не би навлегувал во реперкусиите од смената на директорот, таму се предадени документите од двете страни и оставаме органите да се произнесат.
– Самиот проект треба да почне да се реализира, таа е една од круцијалните проекти, децениски проекти веќе, сметам дека сега оперативно ќе почне реализацијата на овој капитален проект.
Проблем кај нас е што паѓаме на овие круцијални проекти и паќаме на криминогеност и корупција токму на вакви проекти. Чекаме органите да се произнесат во однос на овие документи и искази дадени во јавноста, да видиме како ќе се постапува па ќе продолжиме.
Во врска со изградбата на мостот кај АСНОМ Трајановски вели дека оечква финализирање на проектот.
– Диманиката на проектот на изградбата е едно, но динамиката на експропријацијата не му идеше добро на минатиот гардоначалник, во првите три месеци од мандатот на Арсовска беше зголемен за 300% резилизацијата на експропријацијата, има проблем со лица кои имаат нереални побарувања, тоа се малку предмети за кои се надеваме дека брзо ќе најдеме решение и да го затвориме и овој проект.
Правно секој си има правен застапник и си прави вештачење, Град Скопје исто така има сопствена проценка на имотите и во однос на овие две проценки треба да се движи и договорната вредност.
Останатата траса ќе продолжи да се гради кога ќе заврши експропријацијата.
Реконструкцијата на Киро Глигоров трпеше и се одолговлечи затоа што е во ингеренции на Министерството за транспорт и врски, обврските на Град СКОпје се целосно завршени. Поради динамиката на градењето таму во тој дел од градот се одолговлекуваше за да не се сече новата траса за да се додаваат мрежи од новонаселените лица, но сметам дека во мај треба да се финализира овој проект, а можеби тоа има и политичка позадина затоа што во неколку наврати се покажа дека град Скопје нема поддршка од Владата, вели Трајановски кој додава дека се реализирата и проекти започнати од претходниот градоначалник, но се започнуваат и нови капитални проекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…