Трајановски ги замолчи советниците на СДСМ: Сакавте Универзална сала да ја правите парк, трева не можете да искосите, ќе сте ја реконструирале Универзална!

t

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски, на денешната седница на Советот на Град Скопје посочи дека денешната загриженост на СДСМ за Универзалната сала е лицемерна и дека истата советничка група пред неколку години сакаше да ја направи Универзална сала парк.

  • Не знам како вакви иницијативи се користат во дневно-политички цели. Не знам дали мислите дека граѓаните се со кратко сеќавање, во претходниот мандат истите колеги советници бараа Универзална сала да биде срамента со земја и да биде парк, а тој габарит требаше да се стави во ДУП-от за Треска.

Сега имаме една институција Министерство која се претставува дека е поспособна од градот да го реализира, проектот е започнат со дониран проект на претходни два кои стоеја во фиока, зошто да биде приоритет тој проект кој е приблематичен. Јас да земма летниковец да правам во двор нема така да го направам како што се реконструира Универзална сала, за сега да го правиме Град Скопје неспособен а оние онде што го имаат разбучкано во Универзална сала и го имаат продадено за старо железо ги правиме чесни дека ја направиле Универзална сала ако што треба.

Па се пуштаат спонзорирани објави дека ако се даде на Министерство за култура, дека не знам што ќе прави, истото министерство го има во ингеренции Скопското Кале, трева не можат да окосат. Пред две години Универзална сакавте парк да ја правите, рече Трајановски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…

Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…