Трајановски: Опструкциите се случуваат затоа што имаме независен градоначалник – Одлуката можеше да се донесе и вчера вечер ама немаше политичка волја!

t

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски на денешната вонредна седница на Советот на Градот Скопје истакна дека истата одлука која денеска се донесе, а со која се прераспределија средства од буџетот на Градот кон ЈСП, можеше да се донесе и вчера навечер но немало политичка волја за тоа.

– Не сакам да навлегувам во политички пресметки, повторно да посочувам со прсти смао можам да изразам една жалост бидејќи имавме можност вчера околу 8 часот истава одлука да ја гласаме, затоа што беше изготвена одлуката, ама немаше политичка волја.

Кога сме кај политичка волја и злоупотребата на институциите, сакам малку одлабоко да навлеземе во сиштината на проблемот.

Одлуката за транспорт и возење на средношколците и студентите и субвенциите се утврдени во 2015 година, тогап еден голем вмровец малце посуштински ги изанализирал процесите и за да може беспрекорно да функционира претпријатието се доделуваат 360 милиони денари секоја година од МОН.

Та обврска се исполнува се до лани, онаа кобна година за многу од нас и нашите блиски кога се сведуваат на 120 милиони денари.

Ако се земе предвид дека за енергетската криза и за турбилентните цени на горвата цела година мака мачат и Владата и Скопје и приватниот сектор и сите во Македонија, сметам дека е многу оскудно да бараме одогворнност само кај еден субјект затоа што ни е политички опонент. Ова е класичен пример дека кога централната и локалната власт не се поврзани, истите овие институции се коритат за политички пресметки. Оваа субвенција од Владата никогаш не била проблем кога градоначланикот бил од истата партија како и централната власт, никогаш! Ова е случај првпат затоа што имаме независен градоначалник, оваа опструкција да се добие од Владата и оваа обврска целосно да биде избришана од буџетот на Владата.

Ако сакаме објективно да правиме муабет оваа точка за која ќе гласаме денес не е решение, ова е лонче вода во огинот, фластер на огромна рана. Ако сакаме суштински да навлеземе во проблемот и да го подобриме работењето на ЈСП овде треба да се задолжиме да побараме и средствата за 2023 и 2024 година да се исплатат уште во јануари и ите средства да не бидат во висина од 120 или 360 милиони денари туку да бидат 512 милиони денари.

Овие средства кои се додечуваат од страна на владата како позитивна пракса е позитивен ауткам за функцуонирање на ЈСП. Вчера изгубивме еден ден во политички препукувања, со ребаланс на буџетот ќе се решеа и долговите кон приватните превозници, нагласи Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…