Трајановски: Се стремиме кон бесплатен јавен превоз, проектот за БРТ е во финална фаза

t

Ние уште во самиот страт кога влеговме во решавање на јавниот превоз не очекувавме такво политиканство. Сите проблеми кои пробувавме да ги третираме и решаваме секогаш се инсинуирапе некакви штрајкови, проблеми… Договорот кои приватните превозници го потпишуваат со Град Скопје треба да биде во корист на граѓаните, вели во денешното гостување во “Студио 10” заменик-градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Во овој договор треба да има модернизација на возниот парк, со тоа што ќе се задоволат одредени сколошки стандарди и да се намлаи емисијата на штетни гасови на улиците и булаверите. Автобусите кои се по 30-40 години стари не можат да придонесувата во одерниот транспорт, договорот ги обврзува страните да го модернизираат возниот парк ама сум приметил дека таков интерес не постои.

Договорот сметам дека е доста на нивна страна наклонет и мора да се промени затоа што не сме во 2010-2011 година.

Град Скопје си објави оглас дополнителен, имаше таму едно лице предводник на таа приватна групација на превозници кој доста политички настапуваше и се обидуваше да го вовлече народот меѓу Град Скопје и приватните превозници за да издејствува поповолни услови за нив, што сметам дека не е коректно.

Ние останавме истрајни, се стремиме кон безплатен јавен трабспорт, со автобуси стари 40 години тоа не можеме да го направиме. На последната седница на Советот на Градот исто така имавме обид за кредитно задолжување од одмашните банки за да влезме во процедура за набавка на 50 нови електрични автобуси која одлука не наиде на поддршка од колегите советници.

Извадена е од контекст изјавата дека не го поддржуваме БРТ системот, ние никогаш не сме го откажале тој проект. Кога ќе разгледате таков капитален проект треба да се разгледате и сите параметри кои влијаат на овој проект, тој беше себично изработен и скриен од јавноста, презентриан пред одбрана публика,

Кога тој проект излезе во јавноста видовме дека има многу аномалии, две општини прво се исклучени од тој систем. Другата работа која е ударна е што голем дел од зеленилото особено на Партизанска треба да биде уништено, да биде средниот ред искоренет и тргнат, а тука се главните водоводни и останати подземни мрежи и инфраструктури, а другата траса предвидува сечење на Цветан Димов целосно, Дрва стари 50 години и уништување на цели дрвореди.

Во однос на јавниот превоз нема политичка волја за реализација на решението на пробелмот. Во Советот на Градот беше понудено задолжување за 50 нови автобуси, тоа беше одбиено, вели Трајановски кој потенцира дека БРТ проектот ќе биде реализиран и е во финална фаза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…