Трајановски: Советниците да работат во интерес на граѓаните, набавка на нови еколошки автобуси е круцијална
Ќе повикам на разум и пред сѐ интерес на граѓаните на Град Скопје, на страна 12 од програмата За Модерно Скопје, вели нови еколошки автобуси и јавен транспорт, нашата цел е поефикасно извршување на јавниот превоз како и заштита на животната средина, тагично е кога координаторот на советничката група која наводно победил со оваа програма, да не може да ја дослуша точката, ја цитираше програмата на денешната седница на Советот на Град Скопје, заменик-градоначалникот и советник во Советот, Александар Трајановски.
– Ова е втора година од нашите мандати, ова е веќе четврти пат, можеби и петти како се наоѓа оваа точка на дневен ред, затоа што некој претходно произволно од некојси за него само јасни толкувања одлучи дека истата треба да биде отстранета.
Јас не можам да најдам поголем интерес за граѓаните на Скопје од модернизација на возниот парк на ЈСП и електрични автобуси, тој тренд треба да е почест, на секои 5-6 години, само така ќе се подигне квалитетот на услигата и ќе се намали загадувањето.
Интересот на градот и граѓаните треба да биде приоритетен, во претходните расправи дури и градоначалникот јасно и децидно кажа дека не се битни условите за кредитното задолжување, можеме заедно да одлучуваме за банката, овде ќе бидат презентирани сите каматни стапки и услови, но истото е од круцијално значење да влезе во реализација. Очекувам истата точка да биде изгласана и да продолжиме понатака со успешна работа, апелираше Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП
Автобус се запали во скопската населба Бутел…