Трајановски: Ќе асфалтираме и во зима
Работиме и во зимските месеци и автопатот Кичево-Охрид ќе го пуштиме и пред летната сеозона догодина, напиша во вчерашната објава на социјалните мрежи директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски.
„Денеска заедно со екипа од Сител ТВ извршивме увид во градежните работи на ескпресниот пат Страцин – Крива Паланка. За првпат во Македонија се овозможува да се гради и во зимски период, односно градежните компании набавија адитив кој овозможува да се асфалтира и на пониски температури. На овој начин се продолжува и градежната сезона. Ако таа досега беше 6 до 8 месеци сега ќе имаме асфалтирање во период од 8 до 10 месеци во годината. Сето ова, пак ќе овозможи забрзување на проектите и зимските услови во наредните месеци нема да бидат пречка да продолжиме со асфалтирањето“, вели Трајановски.
Тој додава дека досега зависеле од условите на времето, а на ниски температури морало да се прекине со асфалтирање.
„Оваа зима и во месеците што следуваат ќе продолжиме со асфалтирање и тоа на автопатот Кичево – Охрид каде што има тројца изведувачи, едниот е ‘Гранит’, вториот е ‘Илинден – Струга’, а третиот е самиот ‘Синохидро’, со што ќе овозможиме Кичево – Охрид пред летната сезона догодина да го пуштиме во употреба, ако не во двата правци, тогаш едниот да биде целосно асфалтиран и пуштен во сообраќај“, вели Трајановски во објавата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во четврток ќе славиме голем празник
Православните христијани на 21 ноември го празнуваат…
Трајановски: Ќе асфалтираме и во зима
Работиме и во зимските месеци и автопатот…
(Видео) „На оваа треба да ѝ се…
Пејачката Ема Радујко не престанува да ја…
Стејт департмент: Политиката на САД во однос…
Од Стејт департментот синоќа изјавија дека политиката…
Скопје се гуши: Утрово на осмото место…
Скопје утринава е на осмото место по…