(Видео) „На оваа треба да ѝ се забрани да настапува“: Српската пејачка го полеваше задникот среде настап
Пејачката Ема Радујко не престанува да ја шокира јавностa.
Имено, поради провокативното облекување, но и однесувањето, Ема уште како малолетна ја нарекуваа една од најконтроверзните пејачки на поп музиката, но сепак, очигледно, нема намера да застане тука.
Имено, таа како практика за време на нејзините настапи вовела да се потура себеси, односно задникот со вода. Овој потег наиде на осуда и згрозеност во јавноста, особено по последниот во низата настапи, кога повторно го направи тоа.
Ема, сè пооскудно облечена, го сврте долниот дел кон публиката, тверкаше и полеваше вода, додека толпата снимаше се.
Од сите страни пристигнуваат жестоки осуди, а некои дури и сметаат дека итно треба да ѝ се забрани да настапува, бидејќи тоа ги надмина сите граници.
„Ова го нема никаде“, „Хорор“, „Господ да ѝ помогне“, „Ова е тажно“, „Зошто се капе на секој натсап“, „Дали некој конечно ќе го забрани ова“, „Мислам дека ова навистина отиде предалеку, за ова е срам за млада и убава девојка“, се дел од коментарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…