Трендафилов: Најголема манипулација на Владата и стопанствениците е дека работниците не се продуктивни

t

*Објава на Фејсбук на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов

По најновите информации на Државниот завод за статистика за бројот на вработени во индустријата кој што се намалува.

Зошто е така, на што се должи ваквиот тренд и колку треба да бидеме загрижени како земја?

Податоците се многу загрижувачки, а самиот факт што 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата, а 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1% од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра покажува дека висината на платата можеби е и најголемата причина за тоа што македонскиот работник не ја гледа својата иднина во Македонија и во македонското стопанство и можеби тоа е најголемата причина за падот на бројот на вработени во стопансвото кои наместо да ја градат домашната економија, тие заминуваат во странство и градат некои туѓу економии.

Падот на бројот на вкупниот број на вработени е уште позагрижувачки ако се погледнат податоците на УЈП кои ги обезбеди ССМ и кои покажуваат дека во јули 2024 година плата примиле 532.292 работници, а во мај 2025 година плата примиле 509.960 работници што само ја потврдува лошата слика со пазарот на трудот, па доколку продолжи ваквиот тренд на лоши политики за ниски плати тогаш опасноста е уште поголема, затоа што секој еден што заминал од Македонија за поплатена работа и повисока плата, повеќе не се вратил назад.

Работодавачите во стопанството се подеднакво виновни, ако не и повеќе за ваквата состојба затоа што се уште го потценуваат трудот на македонскиот работник, не го плаќаат доволно, не му даваат стабилен работен однос на неопределено време, па треба директно да ја преземат одговорноста не само за последната година туку и за последниве 30 години, затоа што тие ја доведоа државата на ова дереџе.

Што (не)прави Владата и што треба да направи ваквиот тренд да се прекине?

Не само Владата, туку и рабородавачите во приватниот сектор или стопанството треба заеднички да настапат и наместо да се поддржуваат во намерите за незголемување на минималната плата и незголемување на останатите плати, да почнат да отстрануваат една по една од причините за таквиот опасен тренд затоа што дојде времето кога ако сакате да задржите некој работник, ќе мора да му понудите вистински услови, висока плата, а не само празни ветувања, дојде крајот на времето кога стопанствениците мислеа дека работникот ќе им работи за ниска плата, а доколку не е лесно заменлив.

Како ССМ во континуитет укажуваме дека првиот чекор кој треба да го преземат е да се зголемат платите на работниците, а следствено на тоа да се креираат мерки за поддршка на работодавачите кои се соочени со одредени предизвици.

Од Владата велат дека тие треба да растат со гласно растот на продуктивноста. Со оглед дека се пофалија за раст на индустриското производство, а има помалку вработени во индустријата, дали ова покажува дека се зголемила продуктивноста и дали ако е така, не е доволен аргумент за зголемување на платите ?

Аргументи за зголемување на платите има премногу, а тоа е уште еден аргумент повеќе но како тоа да не им многу важно во Владата.

Со трендот на намалување на бројот на вработени во Македонија, трендот на егзодус на работничката сила од Македонија, денеска еден работник во приватниот сектор работи работа за двајца или тројца работници, продуктивен е како двајца или тројца работници, на стопанствениците им креира добивка како за двајца или тројца работници да работат затоа што обемот на работа со намалување на бројот на вработени не е намален, туку напротив е зголемен, но платата на тој еден рабитник не му е двојно или тројно зголемена.

Најголема манипулација на Владата и стопансвениците е дека работниците не се продуктивни, затоа што кога зборуваат за продуктивноста, секогаш зборуваат како само работниците да ја креираат истата, а не е така. Вложувањето односно инвестициите во нови технологии, во дигитализација и автоматизација, инвестициите во напредна технологија, машини и алати се главниот двигател на продуктивноста, а работниците се продуктивни толку колку што се платени.

За тие плати дури се и премногу продуктивни, па Владата и стопанственицоте можат да замислат колку ќе се зголеми продуктивноста доколку ги зголемат платите на работниците.

Но, очигледно не им е целта тоа, целта им е преку изговорот за ниска продуктивност да нема скоро никакви зголемувања на платите во наредниот период, но работниците продуктивноста ја мерат различно од тоа како ја мерат и во Владата и како ја мерат работодавачите, работниците својата продуктивност ја мерат со тоа што гледаат колкави добивки, автомобили, куќи, одмори и други луксузи, со својот труд им овозможиле на газдите, односно, ја мерат својата продуктивкост кога гледаат како уживаат околу 1000 функционери и околу 65.000 сопственици на компании на работничкиот грб и од работничката пот.

Работникот го вложува својот труд за да ја заработи својата плата, да заработи за својот работодавач и да заработи за фунционерите и често се прашува колку се продуктивни фунционерите со 79% зголемени плати, колку се продуктивни стопанствениците и дали тие за својата скоро никаква продуктивност го обвинуваат работникот. – стои во објавата.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трендафилов: Најголема манипулација на Владата и стопанствениците…

*Објава на Фејсбук на претседателот на Сојузот…

Им ја плативме кампањата? Мицкоски троши МИЛИОН…

Генералниот секретаријат на Владата троши речиси МИЛИОН…

Трендафилов го подбра Неделков: НЕ ТИ Е…

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија,…

Филипче: Владата ги изневери лозарите, нудиме закон…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, заедно со…

ДУИ: Владата нема политичка волја за уставни…

Последните изјави на владините претставници дека „една…