Тренчевска: Животот на лицата со попреченост ќе се подобри преку законски измени

t

Кога зборуваме за реформата од 2019 година во делот на социјална заштита и во делот на детска заштита, видни се резултатите во подобрувањето на квалитетот на живот на материјално необезбедените граѓани, меѓутоа и подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и на нивните семејства, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во одговор на прашање на пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ.

– Тоа што се работеше од 2017 година наваму и кога спомнуваме измени и дополнување на закони или пак зборуваме за нови мерки секогаш во процесот на креирање политики се вклучени целните групи односно тие на кои се однесуваат таквите измени, истакна Тренчевска.

Министерството за труд и социјална политика, посочи Тренчевска, е во постојана комуникација со здруженијата на лицата со попреченост и со родителите на деца со попреченост и заедно со нив ги креираме новите мерки и законски измени, за да им го подобриме животот на децата и на лицата со попреченост и на нивните семејства, од една страна да го подобриме материјалниот дел, значи финансиската поддршка која МТСП и останатите министерства преку различни програми ја даваат на лицата со попреченост, но од друга страна да ги зголемиме социјалните услуги кои се многу поважни кога станува збор за лицата со попреченост за и нивните родители.

– Во таа насока заедно со родителите и здруженијата креираме пакет законски измени и мерки кои се во интерес на унапредување на правата на децата и на лицата со попреченост. Дел од нив се: ослободувањето од партиципација за лицата со попреченост и над 26-годишна возраст, корисници на правото за попреченост при специјалистичко-консултативна здравствена заштита, болничко здравствена заштита и за лекови издадени на рецепт на товар на ФЗО, измени и дополнувања на законот за заштита на децата со кој ќе се овозможи ново зголемување на правото на посебниот додаток и за сите три подвида корисници на посебниот додаток, така како што е ветено и во програмата на Владата, намалување на возрасната граница за остварување на правото за траен надоместок за родител кој се грижел за своето дете со попреченост до неговата 26-годишна возраст, ново право кое е воведено со реформите, сега ќе одиме со намалување на возрасната граница, рече Тренчевска на собраниската седница за поставување пратенички прашања.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

29 ноември скратено работно време за државната…

Врз основа на заклучоците донесени на 199…

МТСП ќе ги разгледа барањата на пензионерите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка…

Се огласија од МТСП: Вонреден инспекциски надзор…

Министерството за труд и социјална политика во…

Тренчевска: Нема ништо неуставно во измените на…

Прекувремената работа дури и со согласност нема…

Тренчевска убедува: И црквата ќе биде вклучена…

Министерката за труд и социјална политика Јованка…