Тренчевска: Младите остануваат нашиот партнер во работата

t

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес учествуваше на работилницата „Градење на политики и стратегии за млади со носители на одлуки во различни сектори“ во организација на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Во духот на последните соработки на Министерството за труд и социјална политика со младинските организации и со младите индивидуално, денес Тренчевска зборуваше за заедничката работа и успесите од истата.

„Особено сум горда што можам да истакнам дека во соработка со НМСМ ја донесовме Стратегијата за ментално здравје за младите. Тоа е резултат на вреднување на мислењето на младите и нивните потреби“ истакна Тренчевска.

Таа зборуваше дека во моментот се работи и на нова услуга што е по Акцискиот план на стратегијата за ментално здравје.

„Согласно новата стратегија како Министерство за труд и социјална политика воведуваме нов центар кој ќе биде во склоп на „25-ти мај“. Во склоп на центарот ќе се овозможи советодавни услуги, психосоцијална помош и поддршка, окупациона терапија и градење на вештини, менторирање. Целта е да се развијат нови начини на гледање на животната ситуација, надминување на тешкотиите, да се создадат услови за зачувување и развој на личните можности и одговорниот однос на поединецот кон себе, неговото семејство и општество. Оваа услуга беше дел од акцискиот план од националната стратегија предложена од НМСМ, и ова е уште еден доказ дека соработката на институциите со младите вродуваат со плод“, изјави Тренчевска.

Во нејзиното обраќање таа ги истакна и достигнувањата на министерството за труд и социјална политика. Таа посочи дека само изминатата година во Оперативниот план за мерки и програми беа вклучени 22.786 невработени млади лица, што резултираше со 39% успех на оваа мерка. И истакна дека за оваа година буџетот за спроведување на мерките е зголемен за 1 милион и 200 илјади евра.

Тренчевска на крај се вклучи и во работилницата за Акцискиот план за националната стратегија за млади заедно со младите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гардијан: Младите европски гласачи се приклонуваат кон…

Медиумите се жалат што младите граѓани се…

Младите македонски фудбалери ја декласираа Саудиска Арабија…

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше…

Корупцијата е главна причина и мотив за…

4 од 10 млади изјавиле дека ќе…

Политиката и економската ситуација ги бркаат младите…

Политичката криза и лошата економска состојба се…

УМС на ВМРО-ДПМНЕ избира нови општински раководства…

Подмладокот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, вчера објави…