Тренчевска уверува: Со оваа методологија се гарантира постојан раст на пензиите
Пензионерите денеска добија повисоки пензии, но не за 6,8 туку за 5,3 отсто. Најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус, а оние со најниски пензии, само 700-ни денари. Ова е второ усогласување за годинава. Во март беше зголемена за 8,4 проценти и заедно со овие 5,3, изнесува 13, 7 проценти, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.
Во однос на исплатата на пензиите согласно новата методологија и усогласувањето кое се прави два пати во годината во месеците март и септември министерката појасни дека процентот од 5.3 отсто е согласно податоците кое се добиваат од Државниот завод за статистика. Со ова усогласување минималната пензија денес изнесува 13.200 денари, а просечната над 20.000 денари.
„Оваа Влада носи системски решенија. Ако Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ наместо популистички мерки и стиропор инвестираше во методологија денес ќе зборевме за минимална пензија од 25.000 денари. Ние градиме систем кој гарантира постојан раст. Денес минималната пензија е 13.200 денари, ако пред година и половина минималната пензија беше 10.480 денари, денес е 13.200 денари. Во услови на криза, пандемија, економска криза и војна се грижиме за раст на пензии, плати и за стандардот на граѓаните. Никогаш во историјата на државата немало раст на пензиите за 24 отсто, за околу година и половина,“ истакна Тренчевска.
Министерката посочи дека многу е важно да се одржува пензискиот систем стабилен. тречнечвска посочи дека пензиите се економска категорија и колку се вложува заедно со должината на стажот се дефинира пензијата. Се друго е популистичка мерка. Притоа се осврна и на солидарниот систем кој го има државата и сите оние кои имаат остварено пензии пониски од минималната пензија, државата го финансира износот до законски утврдена минимална пензија.
„Пензиите секој први во месецот ќе бидат на сметките на пензионерите. Пензионерите да бидат спокојни, пензискиот систем е стабилен, а со соодветни социјални мерки ќе допреме до најранливите пензионери,“ порача Тренчевска.
Пензионерите се незадоволни од начинот на кој се пресметуваат пензиите. Бараат линеарно покачување од 3.500 денари за сите и минимална пензија од 18.000 денари. Најавуваат масовни протести.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Германија и покрај многуте проблеми сѐ уште…
Германија, и покрај многуте проблеми, сè уште…
Инспекциски контроли утврдиле дека цените во маркетите…
Имајќи предвид дека од денеска почнува кампањата…
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски…
Стартува акцијата „Новогодишна кошница“ со која до…
Златото од почетокот на годината поскапе 28%
Цените на златото се зголемија за повеќе…