ТРЕТ ДЕН ВЕЛИГДЕН: Утрешниот ден е најсреќен во годината

t

Утре е Воскресение Христово – Трет ден.

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме навикнале да ја делиме неделата на седум дена.

Но, утре се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.

Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно. И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение. Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.

Утрешниот ден се смета за најсреќен – Зошто?

Ако на утрешниот ден се роди дете, тоа ќе биде среќно и долговечно. Според верувањата, ова е единствениот добар вторник во годината. Добро е да се оди во посета или да се тргне на пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…

Хрватска планира да ги зголеми средствата за…

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…

На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Бидејќи и вака се пласира од страна…

Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…

Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…