Триесет и шест поранешни пратеници ќе земаат апанажа, Талат Џафери е на платен список од Собранието
Вкупно 36 пратеници од претходниот состав ќе примаат една година апанажа, односно плата во висина од околу 2.000 евра. На денешната Комисија за прашања за избори и именувања поминаа решенија за апанажи на седум поранешни пратеници, но неодамна на претходната седница беа утврдени апанажи на 29 нивни колеги.
ешение за апанажа добија поранешните пратеници Арбен Зибери, Љатифе Шиковска, Енес Ибраим, Снежана Калевска Ванчевска, Бастри Бајрами, Вјолца Адеми и Бедри Фазли.
Пратеникот и технички премиер во заминување Талат Џафери ќе земе пратеничка плата откако на Комисијата поминаа и решенијата за плати на пратениците од актуелниот пратенички состав.
Неизвесно е дали Џафери за периодот во кој сè уште е на функцијата технички премиер ќе земе плата и од Влада.
На Комисијата беше прифатено и барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов.
Комисијата го усвои и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата член на Советот на јавните обвинители на членот Арбен Исаку.
Со мнозинство гласови, денеска беше утврдена и Предлог – одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија
Под точката разно, претседателот на Комисијата, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, ги информираше членовите дека потпишал решенија за плата на сегашните пратеници на кои што Собранието им го верификувало мандатот, на координатори на пратенички групи, на избрани претседатели на работни тела, на новиот претседател на Уставен суд, Дарко Костадиновски, како и на поранешна претседателка на судот, Добрила Кацарска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната…
Повторно се создава паралелна власт во институциите,…
Крмов: Левица наскоро ќе поднесе интерпелација за…
Левица наскоро ќе ја поднесе интерпелацијата за…