Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, владата ќе им дава 2 денари само на винариите
И денес Трипуновски не собра храброст јавно да ја каже производната цена на двете најзастапени вински сорти “Вранец” и “Смедеревка” и пак продолжи да ги лаже земјоделците дека во договор со винарниците е постигната историски највисока цена, реагираат од СДСМ во партиско соопштение.

– Пред три недели Владата далеку од очите на јавноста донела мерка на винарниците им исплати по два денари по литар произведено вино, од откупени количини на грозје од реколта 2024 година. Ама не и на лозарите.
Ова покажува дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ги пушти низ вода лозарите. Од минатата 2024 година цената на грозјето е зголемена само за пола денар, што е срамно ништо да не добијат лозарите а на винарниците власта им дава два денари за литар произведено вино од реколта 2024 година, без јавно да го соопшти тоа.
Минатата година, за прв пат, лозарите останаа и без субвенции по килограм предадено грозје. Ќе се повтори ли и оваа неправда пак?
Ова е уште еден доказ дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не работи за земјоделците, туку им служи на олигарсите. – стои во соопштението од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, владата…
И денес Трипуновски не собра храброст јавно…
Над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата…
„Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините…
СДСМ: Кај Мицкоски се гледа паника од…
Изјавите на Мицкоски за „успешна влада“ и…
Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа…
Сите сондажи коишто ги имаме ние, меѓутоа…
ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол а…
Соопштение за јавност – реакција на прес…