ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол а СДСМ им ја одзема дозволата и го истера процесот до крај, реагира опозицијата
Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол а СДСМ им ја одзема дозволата и го истера процесот до крај
Бидејќи власта на ВМРО-ДПМНЕ не работи ништо, Николовски мораше денеска да држи прес-конференција за процес завршен само благодарение на СДСМ и на граѓаните.
Еве ги фактите од кои Николовски се обиде да побегне денеска:
1.Владата на ВМРО-ДПМНЕ на 27 февруари 2015 година ја даде концесијата за рудникот „Казандол“ на компанијата „Сардич“. Токму оваа одлука ја отвори вратата на масовно незадоволство и реакции на граѓаните.
2. СДСМ беше на страната на граѓаните за разлика од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2017 година, иницијативата „Спас за Валандово“ ја крена јавноста на нозе, се распишаа и локални референдуми, а граѓаните речиси едногласно гласаа против отворање рудници.
ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници тогаш ги блокираа референдумите и се спротивставија на волјата на народот. Иницијативата да распише локален референдум во Валандово не беше поставена на дневен ред токму поради противење на тогашниот градоначалник Николче Чурлиновски и ВМРО-ДПМНЕ.
3.По масовните протести во Валандово, Богданци и Дојран и јасно изразената волја на граѓаните преку локални референдуми, владата на СДСМ и Зоран Заев го раскина договорот за рудникот „Казандол“ во март 2018 година.
4.Од тогаш, од 2018 година започна постапката со арбитража. Целиот процес е завршен од Владата на СДСМ само одлуката стигнува сега.
Тоа е вистината.
Николовски ако сака да зборува за „Казандол“, треба да им објасни на граѓаните: зошто неговата партија во 2015 година ја даде концесијата? Зошто се игнорираа протестите и барањата на локалното население?
СДСМ беше и останува на страната на граѓаните, затоа што токму тие се изборија против „Казандол“. Благодарение на граѓанскиот отпор и одлуките на владата на СДСМ, овој рудник не постои.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…
ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…