Трифун Костовски со историска лекција за Мицкоски за Ванчо Михајлов!

t

Трифун Костовски му одржа историска лекција на Мицкоски. Костовски вели дека ликови како Михајлов кои се антимакедонци треба да бидат жигосани внатре во партијата како што се жигосани и од македонксиот народ.

– Со големо внимание го следев интервјуто на господинот Мицкоски, претседател на партијата ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Само вистина на ТВ Канал 5, на 10 Ноември 2022 година. Посебно ме заинтригира неговото толкување за Ванчо Михајлов како и местото и улогата на овој анти-Македонец во ВМРО. Гордоста на ВМРО-ДПМНЕ во долговечноста на партијата чиј зародиш се смета 1893 година е само по себе контрадикторен. Дали ВМРО е автентична македонска или бугарска организација? Ова е прашање на кое треба да се замисли секој Македонец.

ВМРО, денешното ВМРО-ДПМНЕ доколку тежнее да се претстави како партија на македонската популација во Република Македонија, мора да се огради од сите бугаризми кои што владееле низ историјат на ВМРО и да ја следи само македонската кауза. Лица како Ванчо Михајлов кои продефилирале низ оваа организација, треба да се жигосаат од самата партија, како што впрочем се веќе жигосани од нас Македонците. Овој чин на оградување од контроверзни личности на ВМРО како Ванчо Михајлов е уште посилен во моментов, имајќи предвид дека со нашиот сосед Република Бугарија се соочуваме со невиден притисок за уништување на нашата македонска самобитност.

Господине Мицкоски, извадете ги вашите борбени копја да го одбраните Гоце Делчев и останатите вистински патриоти од бугаризација. За Ванчо Михајлов знаеме се и неговиот лик и дело се многу добро познати за нас Македонците. Неговата контроверзна личност е позната на македонската јавност. Оградувањето од овој лик на партијата ВМРО-ДПМНЕ е само мал чин за доказ дека работите за македонската национална кауза, напиша Костовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…