Три активни пожари во државата, 19 се изгаснати

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 23 пожари на отворен простор, од коишто три (3) се уште се активни, еден (1) е под контрола, а 19 се изгаснати, во последното деноноќие.

За гаснење на пожар во атарот на село Тажево – повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод се дејствуваше во текот на вчерашниот ден на неколку преостанати краци од пожарот со: 23 лица од единицата ЕБР со сопствени моторни возила и 3 пожарникари од ТППЕ – Македонски Брод и 10 лица од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“. Во попладневните часови во негово гаснење интервенираше 1 хеликоптер на Армијата.
Пожарот кај с.Плаќе (Илинска Планина) каде што беше опожарена рудина и сува трева зафаќаше предел од три општини (Охрид – Ресен – Демир Хисар). Пожарот е под контрола на места од ветерот повторно има избувнато пламен. На терен, ПП силите се уште вршат проверка и обиколка и го држат под контрола (4 лица од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Галичица“.

На пожарот на Илинска Планина, што започна во утринските часови на 26.07.2024 година, се интервенираше во текот на целиот ден, а вчера во 12.00 часот беше добиена информација од терен од вработените на ЈП НШ подружница „Бигла“ од Демир Хисар дека во утринските часови пожарот е ставен под контрола односно истиот е изгаснат и на одредени места се гледа слаб чад. Екипата од ТППЕ Демир Хисар во 11.30 часот била повлечена од терен. На терен останале 12 вработени од ЈП НШ подружница „Бигла“ од Демир Хисар кои го контролирале опожареното подрачје до 19.00 часот. Во текот на денешниот ден екипа од ЈП НШ подружница Бигла од Демир Хисар повторно ќе изврши контрола на терен за да не дојде до повторно активирање односно препалување на пожаарот. Пожарот на потегот од с.Хаџи Хамзали кон с.Црешка е се уште активен и покрај тоа што на него е интервенирано со воздухоплови во неколку наврати. Екипите на Екипи на ТППЕ Штип (3 пожарникари со 1 теренско возило), ДЗС, ЈП „национални шуми“ и членови на ловното друштво денеска интервенираа на шумски пожар (запалени смреки и грмушки) во атарите на с. Хаџи Хамзали и с. Црешка. На истиот е интервенирано 7 пати од воздух со два воздухоплова. Пожарот е активен и поголем дел од него се наоѓа на територијата на армискиот полигон Криволак. Екипите сножти се повлечени, а од утрово се повторно на терен. Вчера во 15:22 часот беше започнат пожар на шума во атар на с.Татомир, Општина Кратово. Во гаснењето на пожарот интервенираа 9 пожарникари со 2 цистерни, екипа од Јавно комунално претпријатие од Кратово и месното население. Пожарот е се уште активен. Инаку, во последното деноноќие се изгаснати 19 пожари на отворено, во: Општина Струмица, кај с.Водоча (каде што горела нискостеблеста шума); Општина Струмица, с.Браилово (ниска вегетација); Општина Старо Нагоричане, с.Макреш (ниска вегетација); Општина Куманово, с.Канарево (ниска вегетација); Општина Куманово, кај с.Студена Бара кон Ново Село (ниска вегетација); Општина Сарај, с.Кондово (мешана шума); Општина Бутел, покрај ул.„Боца Иванов“ (ниска вегетација и ѓубриште); Општина Илинден, нас.„Илинден“ (ниска вегетација); Општина Арачиново, с.Арачиново (ѓубре); Општина Демир Хисар, покрај ул.„Маршал Тито“ (ниска вегетација); Општина Прилеп: с.Дебреште, с.Лажани (стрниште); Општина Прилеп, Покрај Регинален Пат Прилеп-Битола, бензинска Саида Петрол (ниска вегетација); Општина Крушево, с.Селце (ниска вегетација); Општина Охрид, депонија Мауцкер (ѓубриште); Општина Желино, с.Палатица и с.Сиричино (депонија, гуми); Општина Тетово, во близина на бензинска Цедо Петрол (ниска вегетација); Општина Гостивар, с.Балиндол (ниска вегетација); Општина Кочани: с.Мојанци (стрниште) и во Општина Делчево, кај с.Црквенец (каде што горела ниска вегетација).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…

Нема потреба од паника и од вознемиреност…

Ангелов подели признанија и плакети на дел…

Директорот на Центарот за управување со кризи…

Хуманитарна помош од Црвениот крст за настарадното…

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

(Видео) Тажно е во Тажево, изгорени се…

Во селото Тажево се изорени неколку напуштени…