Три жртви во експлозија во Истанбул

t

Три лица загинале а уште најмалку едно е повредено во неделата вечерта во експлозија во станбена зграда во Истанбул, извести телевизијата TRT повикувајќи се на полициски извори во турскиот мегалополис.

Истрагата е во тек, но според прелиминарните сознанија, станува збор за експлозија на плинска боца за домаќинство.

Според телевизијата, експлозијата избувнал пожар на последниот кат од трикатницата, кој се проширил на двете соседни згради. Противпожарните единици брзо пристигнале на местото и огнот навремено бил изгаснат.

„За жал, три лица загинаа како последица ан експлозија на природен гас. Истрагата и операциите за пребарување во зградата продолжуваат“, објави на Twitter гувернерот на Истанбул, Али Ерликај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…