Три лица лишени од слобода поради „шверц“ со цигари

t

Денеска во 01:00 часот по полноќ, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода М.З.(49) од Скопје и М.М.(27) и Д.П.(24), двајцата од Република Србија.

Претходно, на клучка Радишани, полициски службеници ги затекнале лицата како од возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во товарно возило „ман“ со приколка со српски национални ознаки префрлаат кутии со цигари.

Возилата и цигарите се одземени, а по насока на јавен обвинител лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против М.З. ќе биде поднесена пријава за „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик, додека, против српските државјани ќе биде поднесена пријава за „недозволена трговија“ по член277 од кривичниот законик, известија од полицијата. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица лишени од слобода поради „шверц“…

Денеска во 01:00 часот по полноќ, полициски…

Министерството за здравство набави 80.000 вакцини против…

Министерството за здравство информира дека е потпишан…

Филипче: Ние не водиме црна кампања туку…

Претседателот на СДСМ Венко Филипче кој беше…

Уставниот суд на 15 октомври ќе расправа…

Два дена пред крајот на кампањата за…