Министерството за здравство набави 80.000 вакцини против сезонски грип – имунизацијата ќе почне во втората половина на месецот

t

Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип.

Во текот на следната недела се очекува да пристигнат вакцините, по што традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов, соопштуваат од министерството.

„Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител Абот од Холандија.
Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми и компликации, особено кај ризичните групи“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…

Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…

30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…

Песков се согласува со Трамп: Украина веќе…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше…

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…

Цените на нафтата се намалија денеска откако…