Објавено на:

Три лица лишени од слобода: Пронајдени марихуана и канабис во Струмица

t

На 21.06.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.А.(35) и Е.А.(24), сите од Струмица. Тие биле затекнати во близина на Струмица како обработуваат засадени стебла марихуана. На местото биле пронајдени 29 стебла кои биле одземени. Исто така, при преглед на Н.А. била пронајдена и марихуана.


Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Добивајте ги најновите вести во нашите групи Вибер и Телеграм и дебатирајте во Телеграм групата за дебата на Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Струмица се одржува Државното првенство во…

Од вчера до 21 јуни во хотелот…

Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…

Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…

Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…

Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…

Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…