Три лица се повредени при судир на автомобил и трактор

t

На 14.09.2024 околу 13 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влез за с. Добрушево и с. Клепач, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(66) од Охрид и трактор „имт” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(41) од с. Канатларци, прилепско.

Возачот на возилото „фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И.(44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица се повредени при судир на…

На 14.09.2024 околу 13 часот во СВР…

Див Запад: Опожарени неколку возила утрово во…

Рано утрово, во 5 часот, жителите на…

(Видео) Се излеа Дунав во Виена, водата…

Aлармот за поплави е вклучен во Виена…

Левица: Таравари да каже колку пари чинат…

По реакцијата на Левица против владеењето на…

Ѓорчев најдобро го познавал фертилитетот: Павле Трајанов,…

Функцијата Национален координатор нема да се укине,…