Објавено на:

(Видео) Се излеа Дунав во Виена, водата веќе ги проголта првите куќи

t

Aлармот за поплави е вклучен во Виена каде што реката се излеа од коритото во чериринаесетиот округ и ги поплави првите куќи. Постојаните дождови и невремето ги преоптоварија итните служби и противпожарната бригада. Во последните неколку часа, професионалниот противпожарен оддел на Виена обработил повеќе од 1.100 интервенции во областа на градот Виена. Ситуацијата е особено опасна во областите Виенфлус и Лизингбах.

Околу половина од тие интервенции се поради врнежите, а другата половина поради ветерот. Повеќето биле стандардни операции, како што се паднати дрвја, скршени гранки, навлегување вода во згради, подруми и подземни паркинзи, пренесува „Heute“.

Покачувањето на нивото на реките Виена и Лизингбах продолжува да претставува опасност на ова подрачје. Во 14-та област, покрај Лудвигаса, реката Виена веќе се излеа од коритото и ги поплави првите куќи. До некои згради сега може да се стигне само со брод, а луѓето биле евакуирани уште во раните утрински часови. Противпожарната служба очекува голем обем на повици и повикала дополнителен персонал.

Виенската противпожарна единица е под големо оптоварување поради постојаните дождови и невремето. Се излеал и Дунавскиот канал. Ситуацијата е особено опасна на реките Виена и Лизингбах, каде веќе се поплавени првите куќи, а жителите се евакуирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…