Трошоците на животот во октомври 2025 година зголемени за 4,5 отсто во однос на истиот период лани
Според податоците на Државниот завод за статистика инфлацијата во октомври 2025 година во однос на претходниот месец е -0.2 %
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, изнесува- 0.2 %.
Намалувањето на инфлацијата во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 6.1 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 %, Образование и Рекреација и култура за 0.1 %.
Во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Облека и обувки за 1.2 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели за 0.2 % и Здравје за 0.1 %.
Трошоците на животот во групата Разновидни стоки и услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, изнесува 98.7.
Индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи зголемување од 4.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.8 %.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трошоците на животот во октомври 2025 година…
Според податоците на Државниот завод за статистика…
Регулацијата за маржите ја намали инфлацијата во…
Според податоците на Републичкиот завод за статистика,…
НБРМ: Инфлацијата во август 4,4%, економскиот раст…
На 16 септември 2025 година се одржа…
Дурмиши: Зголемување на минималецот без анализа ќе…
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши,…
Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%,…
Со инфлација од 4,8% повисока од растот…