Дурмиши: Зголемување на минималецот без анализа ќе уништи работни места и ќе ја зголеми инфлацијата
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, јасно стави до знаење дека ад хок зголемување на минималната плата без детална економска анализа може да донесе сериозни последици за граѓаните. Според него, брзоплето зголемување на минималецот ќе создаде притисок врз малите и средни претпријатија – столбот на домашната економија – што директно ќе резултира со отпуштања на работници и раст на цените.
Дурмиши објасни дека сегашниот систем за пресметка на минималната плата, кој се базира на 50% од зголемувањето на претходната плата и корекција според трошокот на животот, е усогласен со синдикатите и ја штити економијата и работниците од непредвидливи ризици.
„Ние внимаваме на секој чекор – соодветно планирање и стабилност се клучот за раст на економијата и зачувување на работните места“, рече министерот. Властите нагласуваат дека сегашната минимална плата е средна според европските стандарди, а брзоплетите предлози на опозицијата можат да донесат повеќе штета отколку корист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…
Најновите податоци на Државниот завод за статистика…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана
Инфлацијата во земјава е стабилна и инфлаторните…
Инфлацијата во август е 2,6%
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…
НБРМ: Инфлацијата забавува и е во рамките…
Советот на Народната банка ги разгледа најновите…