Тројцата загинати работници веројатно се од Непал – ОЈО изврши увид на местото на несреќата

t

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река.

Со комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица. Во несреќата го загубија животот тројца работници кои според првичните сознанија се од Непал, додека едно лице е тешко повредено. Возачот се здобил со лесни повреди.

ОЈО Штип презема дејствија за испитување на причините за несреќата. Се врши разговор со очевидци, а телата на починатите се дадени на обдукција. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршено и сообраќајно вештачење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…

85-годишен возач удрил во паркирано „БМВ“ и…

85-годишен возач вчера се забил во паркирано…

Камион со храна се преврте во Газа…

Најмалку 20 лица загинаа кога камион со…

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…