Тројцата инженери од Македонија уапсени под обвинение за шпионажа изнесени на сослушување пред обвинител
Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска на сослушување тројца поранешни и сегашни инженери од холдингот „Крушик“, осомничени дека на „АТС груп“ од Македонија, на бизнисменот Шевкет Демировски, и доставиле доверливи информации и документација.
За шпионска афера се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ со оценка дека Македонија е само проточен бојлер кон други служби во регинот..
„Ова трае долго време, тоа го прават од сите страни. Ова го следиме долго време. Точно знаеме за кого станува збор, преку кого тоа одело и кој бил и кој требало да биде крајниот корисник. Македонија е „проточен бојлер“ на некои други служби во регионот, изјави Вучиќ.
Во вчерашната акција на Безбедносно информативната агенција, Воено-бебедоносната агенција, МВР и Вишото јавно обвинителство во Ваљево, уапсени се тројца инженери од српската фабрика за производство на оружје и муниција „Крушик“ поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело шпионажа затоа што во текот на 2024 година континуирано контактирале со државјани на Северна Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…