Објавено на:

Тројца активисти на вчерашните протести во Белград добија затворски казни, организаторите повикуваат на протест пред Владата

t

Претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ денеска потврди дека по синоќешниот протест тројца активисти се осудени на 40 и 30 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир и ги повика граѓаните масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија вечерва во 18 часот .

„Во 18:00 часот на раскрсницата кај Владата на Србија мора да се собереме во што поголем број. Ова е Северна Кореја“, рече Кокановиќ. Тој оцени дека пресудата против активистите е политичка.

„Ова очигледно не е судиска пресуда, некој одозгора донесе пресуда, а тие се само личности кои извршуваат туѓи наредби“, изјави Кокановиќ за бечлградски медиуми.

viber slika
Актерката Јелена Ступљанин ги повика граѓаните „да излезат надвор“, пренесе ТВ Н1.

Љиљана Браловиќ, активистка на Алијансата на еколошките организации на Србија (СЕОС), рече дека „важно е да се поддржат децата, бидејќи тие можеле да бидат чии било деца“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца активисти на вчерашните протести во Белград…

Претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“ Златко…

Брантнер: Литиумот нема да и донесе на…

Државнaта секретарка во германското Министерство за економија,…

Левица: ТАРАВАРИ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ СУДОВИТЕ –…

‼️ Блерим Рамадани, обвинет за воени злосторства…

ТУРЦИТЕ И ВО ЈУНИ СЕ НАЈБРОЈНИ ТУРИСТИ…

Бројот на туристи во периодот јануари –…

Се бара 80-годишната Олгица Димитровска

Од вчера од утринските часови се трага…