Објавено на:

Тројца луѓе вечерва загинаа во страотен судир на три автомобили и трактор во Србија

t

Тројца луѓе загинаа вечерва во сообраќајна несреќа во близина на српскиот град Зрењанин, на патот меѓу селата Меленци и Башаид, соопшти полицијата, според српските медиуми.

Како што е соопштено, вечерва во 18 часот и 25 минути полициското одделение во Зрењанин било известено дека на патот на излезот од Меленци кон Башаид се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили и еден трактор.

Два од автомобилите по судирот се запалиле и досега е потврдена смртта на тројца луѓе, додека уште четворица се повредени, од кои двајца имаат тешки повреди.

Полицијата, пожарникарите и брзата помош по пријавувањето веднаш излегле на местото на несреќата, а увидот е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…

Тројца уапсени во Србија по пад на…

Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…