Тројца повредени во „Пулс“ уште се лекуваат во странство

t

Тројца од повредените во пожарот во „Пулс“ се уште се на лекување во странство и според информациите, нивната здравствена состојба е стабилна, кажа министерот за здравство Азир Алиу. Двајца од повредените како што рече, се лекуваат во Турција и еден е во Словенија. На Клиниката за пластична хирургија има пациенти кои се таму поради длабочината на повредите, а здравствено се стабилни, посочи Алиу и додаде дека двајца пациенти се во приватната болница „Систина“.

– Во Пониква во моментов е првата група, при крај, таму со нив се и пет физиотерапевти кои работат по програми, специјалист физијатар и општ хирург. Таму младите сакаат да продолжат и понатаму, имаме барања од некои од нив да продолжат и со втората група. Втората група ќе биде упатена најверојатно од втората половина на јули – рече министерот за здравство Азир Алиу.

Првата група од 45 повредени е на рехабилитација во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Пониква. Тие се под медицинска грижа на лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија во Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца повредени во „Пулс“ уште се лекуваат…

Тројца од повредените во пожарот во „Пулс“…

Газдата на „Пулс“ платил глоба за да…

Сопственикот на дискотеката „Пулс“ ја платил глобата…

Левица: ВМРО-ДПМНЕ преку Гаши се обидува да…

Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието…

ОЈО ГОКК ќе се сретне со родителите…

Секој кој има докази за делот од…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе се…

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…