Тројца Срби се брутално претепани од косовската полиција, тврди Канцеларијата за КиМ
Српската владина Канцеларија за Косово и Метохија денеска соошти дека тројца Срби од село во општината Зубин Поток биле брутално претепани од припадници на косовската полиција.
Според соопштението, трите лица утрово биле „запрени од членови на ФИТ, биле тепани, клоцани и удирани по телото, со вулгарни пцовки и навреди на национална основа“.
„Според сведочењето на повредените, специјалците на Курти им рекле на Србите дека немаат што да бараат на северот на Косово и Метохија. Тие се повредени и по инцидентот побарале лекарска помош, а тежината на повредите ќе се утврдува “, се вели во соопштението.
Ова, се вели во соопштението, „ја продолжи спиралата на насилство со која Приштина на секој можен начин се обидува да го спречи нормалниот живот на српскиот народ на северот на Косово и Метохија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…