Тупанчески ќе биде амбасадор во Белград, Жерновски во Букурешт?

t

Доскорешниот министер за правда, универзитетскиот професор Никола Тупанчевски ќе биде новиот македонски амбасадор во Белград, неофицијално од владини извори дознава Слободен печат.

Тупанчевски е само едно од новите „дипломатски” имиња кои биле номинирани за амбасадори на вчерашната владина седница. Според нашите информации, поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски ќе замине за Букурешт, а директорот на Државниот архив, Емил Крстески е номиниран за амбасадор во Прага.

На листата се наоѓаат и неколку дипломати од кариера, кадар на МНР. Пајо Авировиќ треба да биде амбасадор во мисијата во ОБСЕ во Виена, Јасмин Ќахил во Варшава, а Игор Попов во Бразил.

За Стокхолм е номиниран Џенк Сејфула, Јакуп Реџепи за Сараево, Шпенд Садики за Тел Авив, а Катерина Ставревска за Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Тупанчески, Жерновски и Насев нови амбасадори во…

Пред Комисијата за надворешна политика седум кандидати…