Турска делегација во посета на Градот Скопје: Размена на искуства и корисни идеи
Денеска во посета на Град Скопје беше делегација предводена од градоначалникот на градот Акхисар, Бесим Дутлулу, составена од тројцаta заменици- градоначалници на Акхисар и директори на јавни претпријатија за комунални и рурални услуги, со кои разговаравме за можностите за меѓусебна соработка и размена на искуства од областа на културата, социјалната заштита, локалниот економски развој и туризмот, соопшти градоначалничката Данела Арсовска.


Средбата беше одлична можност за дискусија за потенцијалните области за соработка на градските јавни претпријатија и реализација на заеднички проекти, а се разменија и корисни идеи за подобрување на условите и јавните услуги во руралните населени места.
На средбата присуствуваше и заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…