Турција ќе прогласи тридневна жалост за жртвите од болницата во Газа
Турските власти имаат намера да прогласат тридневна национална жалост за загинатите во нападот на болницата Ал-Ахли во градот Газа. Ова го изјави заменик-шефот на парламентарната фракција на владејачката Партија на правдата и развојот Озлем Зенгин.
„Со указ на претседателот, ќе биде прогласена тридневна национална жалост за загинатите во нападот на болницата во Газа“, рече таа, цитирана од телевизискиот канал ТРТ.
Над 500 луѓе беа убиени во нападот на болницата Ал-Ахли во Појасот Газа на 17 октомври. Палестинската страна ги обвини израелските воздухопловни сили за инцидентот, а Израел соопшти дека причина за експлозијата во болницата е неуспешното лансирање ракета од страна на групата Исламски џихад. Прогласена жалост во Палестина и Сирија, Египет, Иран, Ирак и Либан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…