Туск го обвинува Орбан дека е „маѓепсан од Москва“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно се најде под оган во рамките на Европската Унија откако полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговиот колега е „фасциниран од Москва“ и сака да ја моделира Унгарија по примерот на Русија.
„Орбан неодамна изгледаше фасциниран од Москва и сега верува дека би било подобро да се изгради државен модел донекаде како Русија“, рече Туск, според Гардијан.
Унгарскиот премиер постојано го критикуваше ставот на Брисел кон Москва, нарекувајќи ја неподготвеноста на ЕУ да започне разговори со Русија „катастрофална грешка“.
Според него, мирот во Европа не е можен без дијалог со Кремљ, позиција што предизвикува остри поделби меѓу членките на ЕУ.
Во исто време, Политико пишува дека Будимпешта се стреми да формира сојуз на држави кои се скептични кон продолжување на безусловната поддршка за Украина, што дополнително ги зголеми тензиите во рамките на ЕУ.
Орбан, кој долго време е во конфликт со Брисел околу прашањата за санкциите против Русија и миграциската политика, останува еден од ретките европски лидери кои отворено повикуваат на „нова безбедносна архитектура во Европа“, во која Русија би имала свое место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…
Трамп прави петчасовен систематски преглед
Доналд Трамп, кој на 78 години стана…