Туск најави средби со Макрон, Стармер, Руте и лидерите на нордиските земји

t

Полскиот премиер Доналд Туск најави дека наскоро ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и лидерите на нордиските и балтичките земји за да разговараат за трансатлантската соработка и војната во Украина.

Туск нагласи дека иднината на помошта за Украина е едно од клучните прашања со кои се соочува Европската унија, особено по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Трамп го критикуваше нивото на американската поддршка за Украина во војната, а пред изборите вети дека ќе стави крај на конфликтот пред да ја преземе функцијата, без да наведе детали како ќе го направи тоа.

– Нема сомнеж дека оваа нова политичка рамка е сериозен предизвик за сите, особено во контекст на можен крај на војната меѓу Русија и Украина, можеби преку договор меѓу претседателот на Русија и новиот претседател на САД, рече Туск.

Тој рече дека Макрон и Руте ќе ја посетат Варшава, како и дека ќе има средба со Стармер и дека ќе се одржи или во Варшава или во Лондон, а планира да се сретне и со лидерите на нордиските и балтичките земји во Стокхолм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туск најави средби со Макрон, Стармер, Руте…

Полскиот премиер Доналд Туск најави дека наскоро…

Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година…

Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици…

Уапсен скопјанец: Во спротивен правец се движел…

На 08.11.2024 во 19.25 часот полициски службеници…

Денеска е Св. маченик Нестор

Ова момче живееше во Солун во времето…

Најавени ваучери за инвертери и идната година

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до овој…