Туск најави средби со Макрон, Стармер, Руте и лидерите на нордиските земји
Полскиот премиер Доналд Туск најави дека наскоро ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и лидерите на нордиските и балтичките земји за да разговараат за трансатлантската соработка и војната во Украина.
Туск нагласи дека иднината на помошта за Украина е едно од клучните прашања со кои се соочува Европската унија, особено по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Трамп го критикуваше нивото на американската поддршка за Украина во војната, а пред изборите вети дека ќе стави крај на конфликтот пред да ја преземе функцијата, без да наведе детали како ќе го направи тоа.
– Нема сомнеж дека оваа нова политичка рамка е сериозен предизвик за сите, особено во контекст на можен крај на војната меѓу Русија и Украина, можеби преку договор меѓу претседателот на Русија и новиот претседател на САД, рече Туск.
Тој рече дека Макрон и Руте ќе ја посетат Варшава, како и дека ќе има средба со Стармер и дека ќе се одржи или во Варшава или во Лондон, а планира да се сретне и со лидерите на нордиските и балтичките земји во Стокхолм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стан во Аеродром за млади по 950…
Младите брачни парови би можеле да купуваат…
ОЈО со детали за убиството кај Смилковско…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Нова блокада на патот кон ЕУ: Словенија…
Словенија нема да даде согласност за натамошен…
„Ниту една повеќе“ не сака политичари и…
Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на…
Кравите од Крива Паланка ќе одат во…
Одземениот добиток од подрачјето на Општина Крива…