ТФТ е организатор на квалификациска група од Лигата на шампионите
Освојувачот на кошаркарскиот Куп на Македонија, ТФТ ќе организира еден од квалификациските турнири за место во Лигата на шампионите.
ФИБА денеска соопшти дека македонскиот тим ќе биде еден од четирите организатори на квалификациските турнири кои треба да ги дадат последните четири учесници во новата сезона од Лигата на шампионите.
Натпреварите ќе се играат од 21 до 25 септември во салата „Борис Трајковски“. Ќе играат шест екипи, во елиминациски систем. ТФТ во четвртфиналето игра против германскиот Кемниц, а ако победи во полуфиналето го чека швајцарскиот Фрибург Олимпик кој е привилигиран и е директен полуфиналист.
Таква привилегија има и Тофаш од Турција кој во полуфиналето го чека победникот од второто четвертинале кое се игра меѓу Лестер рајдерс и Волунтари.
Победникот на турнирот ќе обезбеди место во Лигата на шампионите, поразените имаат право на настап во Евро купот на ФИБА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…