Уапсена девојка од Труција, полицијата ѝ пронајде повеќе видови дрога
Вчера во 12:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода А.Б.(19) од Република Турција затоа што кај неа се пронајдени и одземени таблети и предмет со остатоци од марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во станот и помошни простории, каде што живее и ги користи во Гостивар, при што се пронајдени и одземени дробилка со остатоци од марихуана, таблети, бела прашкаста материја, дигитална вага, ќеса со семки од канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, информираа од МВР.
Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсена девојка од Труција, полицијата ѝ пронајде…
Вчера во 12:45 часот во Гостивар, полициски…
Министерството на Меџити тврди: Квалитетот на воздухот…
Министерството за животна средина и просторно планирање…
Вучиќ: Некој мислеше дека насилно ќе ја…
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово изјави дека…
Цела Македонија застана зад еден бренд: „Винчини“…
„Винчини“ полека се консолидира и продолжува со…
Притвор за четворицата скопјани кои крадеа бронзена…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…