Уапсена девојка од Труција, полицијата ѝ пронајде повеќе видови дрога

t

Вчера во 12:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода А.Б.(19) од Република Турција затоа што кај неа се пронајдени и одземени таблети и предмет со остатоци од марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во станот и помошни простории, каде што живее и ги користи во Гостивар, при што се пронајдени и одземени дробилка со остатоци од марихуана, таблети, бела прашкаста материја, дигитална вага, ќеса со семки од канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, информираа од МВР. 

Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…

Извршниот комитет на Движењето за силата на…