Уапсена кумановка, возела ,,бмв” со 92 километри на час во населено место

t

Од МВР информираат дека е уапсена кумановка, која управувала возило со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.

-На 05.11.2025 во 14:50 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ја лишија од слобода И.А.(35) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај со радар констатирано е дека И.А. управувала патничко возило „бмв“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена кумановка, возела ,,бмв” со 92 километри…

Од МВР информираат дека е уапсена кумановка,…

Џонсон: Европа би ја нападнала Русија, но…

Европските земји сакаат да ја нападнат Русија,…

„Сите за Палестина“ на средба со Сиљановска:…

Гласањето на Македонија да не се поддржи…

Трамп: Светот би бил во економска депресија…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави…

Родителите на загинатите деца во ,,Пулс” повикуваат…

Од Здружението на граѓани 16ти Март, повикуваат…