Уапсена кумановка, возела ,,бмв” со 92 километри на час во населено место
Од МВР информираат дека е уапсена кумановка, која управувала возило со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.
-На 05.11.2025 во 14:50 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ја лишија од слобода И.А.(35) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај со радар констатирано е дека И.А. управувала патничко возило „бмв“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираа од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…
Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…
Украина ќе добие нов пакет воена помош…
Зеленски предложи зимско примирје со Русија за…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека растечкото…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Денес се празнува Светиот маченик Арета
Овој Свет маченик пострада за Христовата вера…