Уапсена мајката на девојчето кое со нож нападна соученичка
Српската полиција попладнево ја приведе мајката на девојчето кое ов училиште во Зрењанин со нож нападна соученичка. Ова е уште еден во низата шокантни настани кои почнаа по масовното убиство во белградското училиште “Владнислав Рибникар” во кое 13-годишно дете уби девет лица, а денеска на повредите им подлегна уште едно девојче.
Мајката е лишена од слобода по наредба на главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Зрењанин поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.
Се сомничи дека денеска во основно училиште во Зрењанин, во женски тоалет, нејзината тринаесетгодишна ќерка со нож му нанела повреди на на грбот на дванаесетгодишна ученичка од истото училиште.
Д.В. со кривична пријава ќе биде изведена во Основното јавно обвинителство Зрењанин. Инцидентот се случи денеска во Основното училиште „2-ри Октомври“ во Зрењанин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…