Уапсени две лица во Скопје, кај нив пронајдена марихуана

t

Две лица биле лишени од слобода изминатото деноноќие во Скопје, откако им била пронајдена марихуана.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 00:10 часот на улицата „Цветан Димов“ во градот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје го лишиле од слобода Е.Х., на возраст од 21 година од Тетово, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На булевар „Илинден“ пак, вчера во 15:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А., на возраст од 37 години од Скопје.

– При преглед на неговото возило, пронајдени се две патнички торби во кои имало марихуана, појаснија од МВР.

По целосно документирање на случаите, како што додадоа од МВР, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени две лица во Скопје, кај нив…

Две лица биле лишени од слобода изминатото…

Левица: Скопјани ќе немаат нови автобуси ниту…

Градската организација на Левица во Скопје забележува…

(Видео) Пожар во автомеханичарска работилница кај Тутунски…

Попладнево избувна пожар во автомеханичарска работилница близу…

Дел од автобусите на ЈСП од приградските…

Станува збор за автобусите со број 11,…

(Видео) Несекојдневна глетка: Човек ползи на пешачки…

Утрово снегот кој заврна повторно ги изненади…