Уапсени две лица во Скопје, кај нив пронајдена марихуана

t

Две лица биле лишени од слобода изминатото деноноќие во Скопје, откако им била пронајдена марихуана.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 00:10 часот на улицата „Цветан Димов“ во градот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје го лишиле од слобода Е.Х., на возраст од 21 година од Тетово, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На булевар „Илинден“ пак, вчера во 15:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А., на возраст од 37 години од Скопје.

– При преглед на неговото возило, пронајдени се две патнички торби во кои имало марихуана, појаснија од МВР.

По целосно документирање на случаите, како што додадоа од МВР, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…