Уапсени медицинските сестри кои малтретираа бабичка во дом за стари лица!

Трета медицинска сестра е уапсена по објавувањето на видеото на кое се гледа е малтретирана старица во Домот за стари лица „Оренда“ во Пеќ, Косово, потврдил Фадиљ Гаши, портпарол на полицијата во Пеќ, пренесува „Репортери“.
– Сега има три лица кои се уапсени. Има три различни кривични дела, првото се товари за кривично дело „напад“, второто за „помагање во кривично дело напад“, а третото за „неовластено снимање“, изјавил Гаши за новинарите.
Портпаролот на полицијата во Пеќ нагласи дека случајот е веќе префрлен во секторот за тешки кривични дела.
По објавувањето на видеото, Основното обвинителство во Пеќ соопшти дека главниот обвинител на Основното обвинителство во Пеќ ангажирал двајца обвинители и ја овластил косовската полиција да ги преземе сите неопходни мерки против лицата инволвирани во делото.
– Двајца обвинители и косовската полиција идентификуваа и приведоа двајца осомничени на местото каде што се сомничи дека е сторено кривично дело и по наредба на обвинител им е одредена мерка притвор до 48 часа, поради сомнение дека сториле кривично дело соизвршителство во кривичното дело „напад“ и кривично дело „помагање при извршување на кривичното дело напад“ – се наведува во соопштението на Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маќеа со месеци психички и физички малтретирала…
Вчера во 15.00 часот во ОВР Гостивар,…
Детска клиника: Се формира комисија по обвинувањата…
Директорот на Клиниката за детски болести, д-р…
Полицаец малтретирал маж во пехчевско – Поднесена…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Родители ја малтретирале малолетната ќерка – ќе…
На 24.02.2024 во Полициската станица Бит Пазар…
Приведена наставничка од Неготино по пријава е…
Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне,…