Детска клиника: Се формира комисија по обвинувањата за повреди на 4-месечно бебе
Директорот на Клиниката за детски болести, д-р Реџеп Мемеди денес соопшти дека согласно законот се преземени сите мерки во врска со тврдењата на родителите на четиримесечното доенче за искажување навреди кон нив и нанесување телесна повреда на доенчето од страна на една медицинска сестра во клиниката.
„Mинистерот за здравство Д-р Арбен Таравари заедно со директорот на Клиниката за детски болести Д-р Реџеп Мемеди синоќа беа во посета во домот на пациентот, каде од блиску видоа и се запознаа со случајот. Родителите, и покрај тоа што се многу задоволни од стручниот третман и грижа на бебето од страна на здравствениот персонал на одделот каде престојувало доенчето- после што бебето има видно подобрена здравстврна состојба, сепак тврдат дека сенка фрлило нестручното однесување на една медицинска сестра.
Веднаш е започната процедура за формирање комисија која ќе биде задолжена да го разгледа случајот до крај и да донесе заклучоци согласно законските прописи и етичките норми.
Универзитетската клиника за детски болести, преку обезбедување соодветна професионална медицинска нега,останува посветена да се грижи за здравјето на сите деца- нашите најмили и нема да дозволи да, било чие индивидуално непрофесинално и неетичко однесување кон пациентите, фрли сенка врз угледот на нашата институција“, се вели во соопштението од Детска клиника.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…