Објавено на:

Уапсени над сто лица во Иран осомничени за труење на девојчиња во училиштата

t

Во Иран се уапсени над сто лица, поврзани со случаите на труење на ученички во земјата, соопштија од иранското Министерство за внатрешни работи.

Осомничените се идентификувани, уапсени и се под истрага во неколку ирански градови, вклучително и Техеран, јавува иранската државна агенција ИРНА.

Многумина од обвинетите користеле безопасни материи со интензивен мирис со намера да ги затворат училниците, се вели во соопштението.

Иранското министерство додаде дека меѓу уапсените има и лица кои имале „непријателски намери и се обидувале да шират страв и ужас меѓу народот и студентите, како и да создадат песимизам кон Владата на Иран“.

Иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи ги нарече претходните труења на ученички како „непростливо злосторство“ и повика виновниците да бидат „строго казнети“.

Повеќе од 2.400 ирански ученички се разболеле од ноември по труење во училиштата.

Некои политичари ги обвинија верските групи кои се противат на образованието на девојчињата за труењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…

Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…